Енергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН Македонија бараат зголемување на цената на електричната енергија. До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доставиле документи во кој прикажуваат високи трошоци во работењето. Новата цена на струјата треба да стартува од 1 јули годинава. Од поднесените апликации се бара големо зголемување на цената, но ние не правиме пресметка според тоа што тие бараат, туку според утврдената методологија. Нашите пресметки се почнати, но за цената дополнително ќе бидете информирани. Тој информираше дека се одложува либерализацијата на пазарот на електрична енергија најдоцна до 1 јануари 2015 година, бидејќи енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО, ЕВН Македонија, како и Регулаторот не се подготвени и не се во можност да ги обезбедат техничките услови за нејзина непречена реализација. Доколку сега би стартувала либерализацијата, тоа драстично ќе ја зголеми цената на струјата за домаќинствата.
Енергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН Македонија бараат зголемување на цената на електричната енергија.
До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доставиле документи во кој прикажуваат високи трошоци во работењето. Новата цена на струјата треба да стартува од 1 јули годинава.
- Од поднесените апликации се бара големо зголемување на цената, но ние не правиме пресметка според тоа што тие бараат, туку според утврдената методологија. Нашите пресметки се почнати, но за цената дополнително ќе бидете информирани - рече претседателот на РКЕ, Димитар Петров.
Тој информираше дека се одложува либерализацијата на пазарот на електрична енергија најдоцна до 1 јануари 2015 година, бидејќи енергетските компании ЕЛЕМ, МЕПСО, ЕВН Македонија, како и Регулаторот не се подготвени и не се во можност да ги обезбедат техничките услови за нејзина непречена реализација. Како што објасни Петров, доколку сега би стартувала либерализацијата, тоа драстично ќе ја зголеми цената на струјата за домаќинствата. Затоа системот ќе се подготвува етапно, за да сите учесници бидат што помалку оштетени, а меѓу нив и 147 компании коишто според најавите требаше да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од 1 јуни годинава на слободниот пазар. Во моментов овие компании плаќаат струја којашто е двојно поскапа од онаа на домаќинствата, но ако излезат на пазарот, ќе има страшни потреси за стопанството.
- Технички недостатоци се причина што не може да се реализира либерализацијата бидејќи кај малите 90 илјади потрошувачи приклучени на мрежата на ЕВН за дневните криви на оптоварување, односно балансирање на струјата не постојат мерни инструменти бидејќи се скапи како инвестиција. Тие побараа време за да можат да се подготват и да го адаптираат софтверот - вели Петров.
Според него, кај 9-те големи потрошувачи и 140 компании има вакви уреди. За либерализацијата потребно е и протокол за трансфер на податоци меѓу енергетските компании, но и лиценци за снабдувачи кои во моментов во РКЕ се во процедура. Се работи за лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија кои што ќе ги снабдуваат малите потрошувачи, што треба да излезат на пазарот на електрична енергија.